44 години од смртта на Милтон Манаки Денеска на влашките гробишта во Битола на прсти можеа да се избројат оние што дојдоа да го чествуваат ликот и делото на Милтон Манаки, меѓутоа меѓу мало бројните почитувачи беше и неговиот син Леонид.
„Милтон беше како човек одличен, како татко перфектен. Поминав добра младост со него, имав се што сакав и покрај тоа што материјално не бевме добри во фамилијата“, изјави Леонид Манаки, син на Милтон Манаки.
За жал првиот снимател на Балканот нема свое спомен обележје во родниот град.
„Тоа е прво еден голем минус за Битола како град во кое што првиот филмски снимател на Балканот го остави целокупното свое дело, а потоа и на државните институции со тоа што иницијативата треба да почне од сите нас“, рече Никола Бабовски, претседател на Демократскиот сојуз на Власите.
Денешното чествување по повод 44 години од смртта на Милтон Манаки го организираше комоната на Власите од Битола. |