Прегледајте единствено мислење
Старо 28-02-2008, 23:39   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
WondeR
Модератор
 
Аватарот на WondeR
 
Регистриран: Sep 2007
Локација: Штип, Македонија
Знак: Близнак
Мислења: 3.905
Блог записи: 2
Популарност: WondeR Новодојденец
Стандардно Здравје - вести, новости, информации


Мажите кои го користат лекот против импотенција виагра ризикуваат да станат неплодни, предупредуваат научниците. Според последните истражувања, овие "магични таблетки" кои се повеќе млади ги користат за "рекреативни" цели, ги оневозможуваат сперматозоидите да ја оплодат јајце клетката.

Покрај веќе познатите нусефекти како можноста за срцев удар и слепило, ова откритие би можело да ја намали употребата на лекот која не е реткост и кај младите.

Научниците, предупредуваат дека виаграта може да ги оштети сперматозоидите и на тој начин да го попречи идното татковство. Истражувањето било направено врз 100 доброволци, на кои им е дадено 100 мг. виагра, при што е утврдено дека сперматозоидите кај пациентите кои земале виагра се поактивни, но им недостига акросомот што ги содржи ензимите потребни да кинење на мембраната на јајце клетката на жената, без што нема оплодување. Со користењето на виагра, акросомот се отвара прерано во сперматозоидот поради што тој не може да влезе во јајце клетката и да ја оплоди.
__________________
If you give voice to everyone it will come to chaos.



Последно изменето од No_One; 02-03-2008 во 10:56.
WondeR моментално не е присутен   Одговорете со цитат