Совети за вежбање Тука може да пишуваме, нешто што сме слушнале, или пак од сопствено искуство, а што е корисно да го дознаат и другите.
Ајде малку да се размрдаме и подковаме со корисни информации околу вежбањето.
Еве ај јас прва.:)
Нешто за телесните типови. Ги има три основни типа:
1. ECTOMORPH (слабички)
- ваквите луѓе се тенки со брз метаболизам, ситни по конституција. тешко добиваат мускулна маса и тежина и дефиниција.
2. MESOMORPH (атлетски)
- ваквите луѓе се природно силни, со средна или крупна конституција. имаат добро дефинирана мускулатура и побрзо добиваат мускулна маса. лесно слабеат.
3. ENDOMORPH (де*елки)
- ваквите луѓе имат спор метаболизам и лесно добиваат на тежина. имаат крупна конституција. имаат проблем со слабеењето, а генерално немаат проблеми со добивањето мускулна маса.
Една личност може да биде и комбинација од горните три телесни типа, па затоа може да се сретне и следната поделба во четири категории:
1. ПЕСОЧЕН ЧАСОВНИК: струкот е помал од градите и колковите, а градите се малку поголеми од колковите. Овие луѓе изгледаат пропорционално дури и кога се со зголемена килажа. Горниот и долниот дел од телото се појаки. Лесно и пропорционално ја зголемуваат и губат тежината.
2. ЛЕНИР: градите, струкот и колковите се скоро еднакви. Овие луѓе најчесто се здебелуваат во струкот. Не добиваат лесно на маса. Не слабеат многу лесно, но тоа е пропорционално.
3. КОНУС: како што кажува името, горниот дела на телото е поширок од долниот. Овие луѓе полесно добиваат маса во горниот дел на телото, отколку од стомакот надолу.
4. ЛАЖИЦА: долниот дел на телото (колковите) е поширок од горниот дел. Овие луѓе полесно добиваат маса околу колковите, а потешко во горниот дела на телото, над стомакот.
Важно е да се знае дека со мал број на повторувања, а големо оптоварување, се зголемува мускулната маса и се зголемува силата, додека со голем број на повторувања и мало оптоварување се зголемува издржливоста и се подобрува дефиницијата на мускулите.
__________________ Friends are like melons, shall I tell you why? To find 1 good, you must one 100 try ! |