Колку сте инфантилни? Секој од нас во себе носи: дете, возрасен и родител. Тие се менуваат во нашиот однос, во зависност од ситуациите во кои се наоѓаме. Но, кај некои луѓе, едно од овие три е поразвиено од останатите две. Кај некои, ретки се, развиени се сите три облици на доживување и однесување.
Идеата ми беше да ве прашам: Колку сте вие инфантилни, колку го негувате детето во себе?
Дали ви се случува, да се однесувате детски, во ситуација кога треба да делувате како возрасен? Го чувствувате ли тогаш, родителот во себе, кој ве опоменува, што сте сте несериозни?
И ако имате деца, како се однесувате со нив? Како дете? Како родител? Како возрасен?
Кога сте деца, а кога возрасни? |