Прегледајте единствено мислење
Старо 30-01-2008, 00:03   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Sisi
SSDD
 
Аватарот на Sisi
 
Регистриран: May 2005
Локација: Administracija
Знак: Стрелец
Мислења: 9.341
Блог записи: 5
Популарност: Sisi Новодојденец
Thumbs up МТИ - МАКЕДОНСКА ТРАДИЦИОНАЛНА ИСХРАНА

Македонска традиционална исхрана ?

Што е традицонална исхрана во земја чија традиција, историја и име се речиси негирани? Македонската исхрана, заради самата клима, е многу блиска до медитеранската исхрана-еден од најздравите начини на исхрана.

Знаеме за голем број диети и начини на исхрана. Речиси секоја држава има типична, традиционална исхрана. Каде сме ние во сето тоа? Глобализацијата , за жал речиси ја уништи нашата традиционална македонска исхрана.

Што е традицонална исхрана во земја чија традиција, историја и име се речиси негирани? Македонската исхрана, заради самата клима, е многу блиска до медитеранската исхрана-еден од најздравите начини на исхрана.

-Една од основните карактеристики на македонската исхрана се салатите („шопска“ е веројатно најпрепознатливиот бренд во Македонија :), и тоа во големи количини.
-Втора карактеристика, без која тешко се замислува било какво јадење во Македонија е лебот. Овие две компоненти се доволни за задоволување на дневните потреби за витамини и минерали, конзумирани само еднаш дневно!
-Трета карактеристика е супа пред ручек. Денес можеби тоа е реткост и се случува само во недела, но пред само 20-30 години, секој ручек беше незамислив без супа.

Ручек - fast food?

Пред само 10 години, тоа беше најтешката навреда која можете да и ја нанесете на вашата мајка, жена, татко :)

-Четврта карактеристика е една чашка домашна ракија пред ручек и чаша вино по ручек. Ако за ракијата не може да се кажат некои пофални зборови, умереното конзумирање црвено вино, една до две чаши дневно е докажано здраво !

Во традиционалната македонска исхрана, месото се конзумира 2-3 пати неделно!

Но, затоа јајца, млеко и сирење се основа на секој доручек и вечера (вечерата и не е задолжителна во македонската традиционална исхрана и ако веќе има вечера таа се случува најкасно до 20:00 часот, а не околу полноќ).

Месените јадења се исто така карактеристични и голем дел од нив се уникатни за Македонија, но исто и тие, традиционално се припремале 1-2 неделно. Бурек секое утро не е традиционална македонска исхрана !

И тоа што е најважно е дека во македонската традиционална исхрана нема хемикалии, конзерванси, вештачки бои, супстанции со ознака Е (?!).

Новиот начин на исхрана во Македонија-претежно брза храна, хамбургери, конзервирана храна (со нула витамини) или со додадени синтетички витамини, смрзната храна, некакви грицки, чипс и сл.-иако присутни само 10-15 години почна да го зема својот данок. Огромен број на болести кои до пред само 10-15 години беа реткост во Македонија, денес се распространети во речиси епидемиски размери- Шеќерна болест тип 2, рак на дебело црево, замастен црн дроб (кај не-алкохоличари), дебелина, воспаление на слепо црево...

Од друга страна, Македонија изобилува со секакво овошје и зеленчук, кое е прилично ефтино и лесно достапно. Македонските специјалитети се вистинско гурманско доживување.

Зошто толку лесно се откажавме од нашиот начин на исхрана и станавме зависни од хамбургери, смрзната храна (која имала повеќе витамини од свежата храна, според една телевизиска реклама !?!), храна во микробранова и чипсови?
__________________
Friends are like melons, shall I tell you why? To find 1 good, you must one 100 try !
Sisi моментално не е присутен   Одговорете со цитат