Дали ги (психо)анализирате луѓето?! (Сиси ме инспирираше да извадам една моја стара тема од нафталин.)
Имате ли обичај кога првпат ќе се запознаете со некого или, воопшто, кога седнувате на кафе со некој другар/ка или познаник да го анализирате?! Тука, пред се`, мислам на психоанализа: според она што го носи, што го зборува, какви ставови има, да донесете заклучок и суд за каков човек станува збор. Врз основа на неговите интереси и ставови, врз основа на неговото однесување да дојдете до заклучок за каков човек се работи?!
Неколкуте тестови кои Сиси одамна тука ги поставуваше (дај, ма, пак!) можат да служат за таа цел: површна и моментална проценка на човекот, неговиот карактер и неговата моментална состојба и листа на животни приоритети.
Морам да признаам дека порано повеќе се задлабочував во такви анализи (девицата - како хороскопски знак - е позната по анализите и „цепидлачењето”), а во последно време не се мачам толку длабоко да навлезам во психата на оној со кого контактирам. Едноставно, веќе не се трудам да го извлечам од него и тоа кое не сака да го каже. Премногу напорно е, а има стручњаци на кои тоа им го препуштив. ;)
Сепак, посилно е од мене и секогаш си имам по еден подготвен мој профил и психоанализа на оние со кои имам некаква комуникација.
Вие?! ;) |