МАКЕДОНСКО ТАВЧЕ ГРАВЧE
Потребно:
500 гр. тетовски грав
250 гр. кромид
1 главица лук
50 мл. масло за јадење
1 лажица сол
1 лажица брашно
1 лажица мелен црвен пипер
сува црвена пиперка
мелен црн пипер
суво нане
сув магдонос
Начин на подготовка
Гравот се мие темелно и се остава да отстои во вода, а потоа се става да зоврие. Водата потоа се излева, се додава топла вода и се остава да се вари, внимавајќи зрната да останат цели. Кромидот се сече и се пржи во маслото за јадење. На испржениот кромид му се додава црвениот пипер, се меша и му се додава на гравот. Се става и цела сува пиперка. Сето се вари. Црниот пипер, лукот и солта се додаваат според вкус. Пред гравот целосно да се свари, му се додава брашното, малку масло, нането и магдоносот. Потоа се претура во земјен сад во кој се пече во рерна додека не се довари, внимавајќи да остане сочен.