Економски вести, информации, корисни линкови .... Македонија е држава со умерено слободна бизнис клима. Херитиџ фондацијата ја објави најновата листа за економската слобода во светот. Земјава е на иста позиција како и лани. Со просечна оценка од 60,6 се наоѓа на 71-то место од вкупно 157 анализирани држави. Позиција на балканските земји56.Албанија 59.Бугарија 71.Македонија 75.Словенија80.Грција 113.Хрватска 121.БиХВо истражувањето Македонија доби високи оценки за монетарната, фискалната и слободата на тргување. Ниски оценки, кои значат лоши сигнали за бизнис, има во делот на заштита на сопственоста, работничките права, а најлошата оценка е за степенот на корупцијата.
Во однос на регионот, Македонија е на третото место. Пред земјава се Албанија на 56-то и Бугарија на 59-то место.
Зад државава се Словенија на 75-то место, Грција е 80-та. Хрватска е 113-та и заедно со Босна, која е на 121-во место, се оценети како речиси неслободни држави за водење бизнис.
Експертите од Херитиџ и годинава не го истражувале индексот на економска слобода во Србија и Црна Гора.
Оценките на глобално ниво се дека во светот нема значајни промени во економските текови. Хонг Конг и натаму е на првото место. 14-ти пат по ред е економски најслободната држава.
На второто место е Сингапур, следат Ирска, Австралија и САД. На дното на листата се Бурма, Либија, Зимбабве, Куба, а Северна Кореја е државата каде економската слобода е најмала во светот.
__________________ It's a harrowing world оf adults and girls, lashing out at the hurt that surrounds them. With the knives drawn apart they shatter the heart of anyone that dares come between them. Онака нешто ш`о ќе ми дојде на памет. |