Мистични Движења Не мора да бидеш Балетан за да играш БАЛЕТ Никој не може да ти забрани да играш класичен или модерен балет Направи го тоа дома. Никој нема да те оценува, никој нема да ти се смее, никој не мора да те гледа Најди класична музика, или модерна музика, пушти КЛАСИК ФМ радио, и играј БАЛЕТ Врти се на сите страни, крени ги рацете високо, никој нема да ти коментира, дали ти личи или не ти личи Тоа може да биде твојата најлуда забава А откако ќе се ослободиш сам, можеби ќе се охрабриш да ги викнеш твоите пријатели И заедно да играте балет. Ова е секако голема храброст, но верувај дека нема никаква опасност Никој не бара од тебе да излезеш на прва линија на фронт, за да ја браниш твојата земја Никој не бара од тебе да освоиш некоја висока карпа (Матерхорн) каде секој трет човек паѓа и го губи животот Значи, не постои никаква опасност, освен таа дека ќе направиш нешто сосема ново и сосема добро за тебе Не треба да одиш на аеробик или на фитнис или во теретана, за да ги затегнеш твоите мускули Не треба да идиш во диско за да се изнаиграш на музика Не треба да нарачуваш скапи справи, уреди за вежбање и слабеење од Телешоп на ТВ или од продавница Ако имаш за учење, или ако мислиш дека си постар, или ако немаш пари за карта, не мора да одиш на Техно Забави Можеш тоа и дома да го направиш во твојата соба Не мора да имаш силно озвучување, скап систем со огромни звучници Пушти го твоето мало радио, сврти на Антена, Клуб ФМ или Сити, види која музика највеќе и одговара и ИГРАЈ Прави го тоа редовно, неколку пати на ден по 10 мин, и за кратко време ќе доживееш неискажлива радост Почни да мрдаш со телото. Постои време за мрдање и време за седење мирен Кога учиш и кога гледаш ТВ или кога медитираш седи си мирно, а кога вежбаш мрдај се на сите страни Преземено од OBS , ne e dozvoleno reklami na drugi sajtovi na ovoj forum citajgi forumskite propisi ,
pozdrav slasa-admin
Последно изменето од slasa; 31-01-2008 во 17:48.
|