Прегледајте единствено мислење
Старо 04-03-2007, 21:41   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
strich
Форум зависник
 
Аватарот на strich
 
Регистриран: Aug 2006
Локација: Bitola, Македонија.
Мислења: 1.004
Популарност: strich ја има оневозможено популарноста
Испратете порака преку ICQ до strich Испратете порака преку MSN до strich
Стандардно ЕПИДЕМИЈА НА СВИНСКА ЧУМА ВО БУГАРИЈА

Во североисточниот дел на Бугарија е регистрирана епидемија на свинска чума, соопштија денеска бугарското Министерството за земјоделство.
- Лабораториските анализи потврдија свинска чума на две свински фарми во селото Златар на североистокот на земјата, соопшти Министерството, додавајќи дека во тек е уништување на 285 свињи со цел да се спречи ширењето на заразата.
На двете фарми минатата седмица починале 18 свињи.
Министерството додава дека болеста се проширила во почетокот на годината од една блиска фарма во градот Смијадово.
Бугарија и Романија се приклучија кон ЕУ на 1 јануари 2007 година, но зачестените епидемии на свинска чума во двете земји ги принудија европските ветеринарни власти да ги стават под засилен мониторинг. На двете балкански држави во моментот им е забрането да извезуваат живи свињи, свинско месо, како и други свински производи во земјите на ЕУ.


strich моментално не е присутен   Одговорете со цитат