Прегледајте единствено мислење
Старо 04-03-2007, 05:27   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Aleksandra
Администратор
 
Аватарот на Aleksandra
 
Регистриран: Feb 2006
Локација: Los Angeles, California, USA.
Возраст: 31
Знак: Лав
Мислења: 7.094
Популарност: Aleksandra Новодојденец
Стандардно Македонија најнепосакувана дестинација

СПОРЕД ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ТУРИЗАМ НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ
Македонија најнепосакувана дестинација


Македонија, од вкупно 124 земји, е рангирана на 83. место на листата на најатрактивни дестинации за патувања и развој на туризмот во извештајот за конкурентноста во патувањата и туризмот за 2007 на Светскиот економски форум. Пред нас е Казахстан, а веднаш зад нас Гамбија.

Од земјите во регионот најдобро котира Грција на 24. место, а потоа се Хрватска на 38. место, Турција на 52. и Бугарија на 54. место. Србија и Црна Гора се на 61. место, а Романија на 76. место. Послабо рангирани од Македонија се само Албанија и Босна и Херецговина.
Од Министерството за економија вчера не сакаа да го коментираат извештајот, а според Асоцијацијата на туристички агенции на Македонија (АТАМ), главниот виновник што Македонија е лошо рангирана е самата држава која изминатите 16 години не сторила ништо за да го презентира квалитетно македонскиот туризам.
"Последното резилење беше на саемите за туризам во Турција и во Бугарија кои се одржаа изминатите два месеца. Во Турција Македонија ја презентиравме со брошури испечатени на холандски јазик, а во Софија минатата недела материјалот што го делевме беше напишан на француски јазик. Од Министерството за економија побаравме да се испечатат нови брошури, но оттаму ни рекоа дека не можат да ги обезбедат оти требало да се распишуваат тендери ", вели Миле Спировски, претседател на АТАМ.
Според извештајот, најпривлечни земји за одмор се Швајцарија, Австрија и Германија. Листата е направена врз основа на новововедениот Индекс на конкурентност за патувања и туризам (ТТЦИ), според кој земјите се оценуваа по 13 категории, вклучувајќи ги политичката состојба, правните регулативи, безбедноста, здравството и хигиената. (И.С.)

ВЕСТ
Aleksandra моментално не е присутен   Одговорете со цитат