За искривувањето на историските факти знаат и локалните власти и институциите, но досега не презеле ништо за да ја спречат таа појава
"Охрид е колепка на бугарската држава, тврдината над градот ја изградил Самоил, еден од најславните бугарски цареви, а универзитетот во Скопје го носи името на браќата што ја основале бугарската писменост." Ваква историја им „продаваат“ домашни и странски туристички водичи на туристите што дошле да ги посетат културните и историските локалитети во земјава, тврдат од Здружението на туристичките водичи на Скопје. За водичите што ја искривуваат македонската историја знаат и локалните власти и институциите, но досега не презеле ништо за да ги спречат.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A6...9DE1C9F6093B6D