Краток прирачник за секс ПМС, умор, лошо расположение... Зошто да се караш со партнерот и да ја дигаш тензијата? Многу подобро е да го ускладиш твојот секс со твоите хормони - ќе имате одличен секс и ќе бидете задовол(е)ни.
Дали некогаш си се запрашала заради што еден ден си во состојба да го заведеш целиот машки свет, а веќе следниот ден ја посакуваш нежноста на човекот на својот живот? Одговорот е во хормоните кои делуваат на твоето тело во текот на менструалниот циклус и го менуваат расположението. Потполно е нормално во текот на 28-те дена да имаш и 28 различни сексуални расположенија. Денови 1-5 -> ОЛЕСНУВАЧКИ СЕКС
Расположението ви се поправа благодарение на ниското ниво на естрогенот (хормонот кој влијае врз расположението).
Секс стил: ако мислите дека сексот во тек на менструацијата не е добар грешите бидејќи има многу позитивни страни. Изберете поза во која вашиот партнер нема да го притиска вашиот стомак. Денови 6-8 -> ДОЛГ, ИНТИМЕН СЕКС
После крајот на мечето, вашата самодоверба расте (естроген high level). Надокнадете го пропуштеното.
Секс стил: овозможи си викенд преполн со секс. Одлична прилика за омилената поза, стил, од масажа до орален секс. Експериментирајте и уживајте. Денови 9-11 -> ЗАЧИНЕТ СЕКС
Телото се спрема за овулација (естроген extreme high level). Се чувствуваш заносна и sexy, зрачиш, real vamp women.
Секс стил: пружи му на партнерот нешто незаборавно. Стриптиз само за него, пригушено светло, sexy музика, гледајќи го во очи онака како само ти знаеш... Денови 12-13 -> СЕКС НА НОЗЕ
Неколку дена пред овулација се повеќе размислуваш за тоа. Секс, секс и само секс.
Секс стил: денот почни го со секс и заврши го со секс. Вагината е многу осетлива и можеш да одбереш која сакаш поза. Ден 14 -> ДИВ СЕКС
Овулација! Феноменално расположение, но чувајте се од забременување.
Секс стил: покажете што сакате, доминантно и жестоко! Биди ти таа што донесува одлуки, управува и продолжувај го задоволството се додека и двајцата не паднете од исцрпеност. Денови 15-18 -> ВРЕМЕ ЗА ПРЕДИГРА
Кој високо лета, ниско паѓа (естроген low level).
Секс стил: партнерот ќе мора многу повеќе да се потруди. Орален, мазење, нежни допири по целото тело. Одлична прилика да бараш што повеќе. Денови 19-25 -> ЗАСПАН СЕКС
ПМС синдром, чувство на умор и раздразливост.
Секс стил: наместо караници, нежен секс, ништо комплицирано. Ти лежиш бочно, а партнерот е позади. Само тој е активен и ви дозволува да се отпуштите и да се чувствувате сакано. Денови 26-28 -> НЕЖЕН СЕКС
Чувство на подуеност, расположение на 0 (естроген lowest level).
Секс стил: нежност пред, за време и после. Aтмосфера на добар и нежен секс: долга и релаксирачка купка, нежна крема после тоа. Долга сеанса на орален секс, зборувајќи слатки глупости и уживајте во секој миг... |