Прегледајте единствено мислење
Старо 08-11-2006, 10:07   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Aleksandra
Администратор
 
Аватарот на Aleksandra
 
Регистриран: Feb 2006
Локација: Los Angeles, California, USA.
Возраст: 31
Знак: Лав
Мислења: 7.094
Популарност: Aleksandra Новодојденец
Стандардно ШЕНГЕНСКИ ЅИД

ШЕНГЕНСКИ ЅИД

Виза за Македонец блокирала пари за 280 европски организации

Тоа што не добив навреме виза беше неразбирливо за моите европски колеги, вели Јовица Каранфилов

Разграноците на меѓународната младинска организација АЕЖЕ Европа во 280 европски универзитети останале блокирани и без пари бидејќи Јовица Каранфилов од Македонија не можел навреме да добие виза за Белгија.

Тој лани бил избран за директор на организацијата од Брисел, а доверба му изразиле 1.000 делегати од сите нејзини членки во 42 европски земји. Но, тоа што добил доверба од студенти во земји-членки на ЕУ, тоа што ги имал сите потребни документи и што бил единствен надлежен за парите на организацијата не било доволно за навреме да добие виза, па сметката била замрзната четири месеци. Толку траела процедурата за вадење виза во белгиската амбасада во Софија. Членството во Европа било гневно.

- Организацијата претрпе големи штети. Не можеа да се спроведат проекти, а работата стигна до таму што разграноците не можеа да добијат ниту евро за да платат комуналии. Моите европски колеги не можеа да разберат дека не можев навреме да извадам виза. Беа многу лути и најверојатно никогаш нема да се нафатат да гласаат делегат од Македонија за висока позиција во организацијата. На нас гледаат со недоверба, иако за овие проблеми не сме виновни ние - вели Каранфилов.

Годинава е на постдипломски студии на Универзитет во Аликанте, па имал проблем да добие виза во шпанската амбасада во Софија. Овој пат чекал три месеци и покрај тоа што ги имал сите потребни документи, особено потврдата од универзитетот дека е запишан на студии.

Деновиве 15-члена делегација на АЕЖЕ Македонија не заминала на Генералното собрание на организацијата, кое се одржало во Неапол, бидејќи во италијанската амбасада во Скопје инсистирале да ја добијат оригиналната покана за конференцијата.

- Италијански колеги ја испратија поканата најбрзо што можеше, но во амбасадата во Скопје ни тврдеа дека не ја добиле. Поради тоа не добивме визи и се случи првпат наша делегација да не присуствува на конференција на матичната организација. Не знаеме што се дискутирало, што се договориле и дали не' планираат во проектите - вели претседателот на АЕЖЕ Македонија, Драган Секуловски, кој дури бил и еден од организаторите на собирот.

Македонските извидници слично поминале во англиската амбасада кога требало да одат на Генералното собрание на извидниците во Англија.

- Имаше четворица членови на 15-годишна возраст. На интервјуто во амбасадата ги прашуваа кој е основач на европската организација, каде се одржало првото собрание и слични прашања. Англиската извидничка организација е стара 100 години и прашање е и дали и нивните членови знаат вакви детали - велат во Сојузот на извидници на Македонија.

Дневник
Aleksandra моментално не е присутен   Одговорете со цитат