Ајде за сите што се жалат на проблеми со тежината и физичката кондиција:)
Sexercise за виткост
Во 30 минути страстно водење љубов ќе потрошите околу 160 калории, а притоа многу повеќе ќе се забавувате отколку да вежбате во теретана. Во 53 минути страсно бакнување ќе согорите количина маснотии содржани во еден хамбургер и порција пржени компирчиња. Користејќи ја фантазијата и менувајќи ги позите ќе обликувате голем број од мускулите. Има ли подобра мотивација од оргазам за крај на еден тренинг? Еве како под чаршафот можете да го обликувате телото и да стекнете кондиција.
...загревање или предигра

Загревањето е потребно и кога вежбате во кревет. Искористете ја предиграта за загревање. Истражувањата покажале дека партнерот ќе согори барем 18 калории додека со една рака ви го откопчува градникот, а помислете само колку калории ќе согорите при целосното расоблекување. Поради максимални резултати користете само една рака, додека со другата поминувате по неговото тело. Потоа испробајте уште една вежба: партнерот нека легне на под, а вие над него правете склекови, заводливо бакнувајќи го секој пат кога ќе се спуштите до неговото лице. А потоа сменете ги местата. Тоа е одлична вежба за обликување на градите и рацете, која во теретана сигурно нема да ја доживеете!
...задникот горе

Во доги (doggy) позата подигнете една нога што е можно повисоко и подалеку од телото и задржете је така колку што е можно подолго. Не само што ќе го подигнете задникот, туку и клиторисот ќе биде подостапен за партнерот. Ако ви е претешко, за почеток партнерот нека ја придржува вашата нога. И уште една вежба: легнете на грб и свиткајте ги колената, потпирајќи ги стапалата на под или кревет. Додека партнерот влегува во вас, помрднувајте ги колковите горе-доле, одбивајќи се со стапалата. Притоа затегнувајте ги мускулите на задникот.
...колковите во акција

Ако сакате луд провод во креветот, пробајте го следново! Додека партнерот лежи на грб, вие бидете врз него, потпирајќи се со рацете на неговото тело. Водејќи љубов и користејќи ги мускулите на колковите помрднувајте се горе-долу. Освен што ќе го вежбате овој дел од телото ќе имате и контрола над ситуацијата, ритамот и движењата, а вашата Г-точка ќе биде подостапна. Ако го зафрлите телото наназад ќе, створите притисок на клиторисот, што ќе го засили вашето но и уживањето на партнерот. За поголем ефект, истото можете да го направите така што партнерот ќе седне на стол, а вие со стапалата ќе стоите на подот, лице со лице кон партнерот. Водејќи љубов, со мали движења собирајте ги и ширете ги нозете. Тоа ќе направи чуда за вашите колкови но и за оргазмот.
...Збогум на опуштените раце

Имате виснато ткиво на рацете, особено на надлактиците? Со секс и тоа може да се среди. Седнете на под и навалете се наназад, потпирајќи се на рацете, со прстите свртени кон напред. Парнерот со сите четири нека биде над вас. Помрднувајќи се кон партнерот исправувајте ги рацете, а враќајќи се наназад, свиткајте ги повторно. Повторувајте го ова колку што можете, а ако сакате да ја интензивирате вежбата партнерот нека се навали над вас, така што да држите и дел од неговата тежина. Дури и во класичната мисионерска поза можете само да се фатите за горната страна на креветот и сопственото тело да го влечете горе-доле. Така полесно ќе стигнете до оргазам.
...Зацврстете го стомакот

Партнерот нека седне на под, а вие седнете на него и ставете ги нозете на неговите рамења. На тој начин ќе ги активирате стомачните мускули. Друг начин за вежбање е да легнете на кревет свртени на стомак, а колената малку да ви ѕиркаат надвор од креветот. Раширете ги нозете, а партнерот нека ви ги подигне нагоре додека влегува во вас. Потоа во таа положба опфатете го со нозете, прекрстувајќи ги зглобовите. Ќе почувствувате како мускулите на стомакот ви се напрегаат и активираат. Тонусот на стомачните мускули има големо влијание на љубовното уживање. Токму тие мускули се центар на силата на оргазмот, па нивното стегање го интензивира чувството од внатре.
...Со уживање до убави нозе
Сите позиции кои вклучуваат стоење ги активираат мускулите на нозете. Доволно е да се подигнувате на прсти и да се спуштате назад додека водите љубов стоејќи, а партнерот да се наоѓа зад грб за вежбата да биде уште поефикасна. Ако притоа ги соберете нозете и на него и на вас ќе ви биде уште подобро. Уште една смела страствена поза убаво ќе ви ги обликува нозете. Се вика триаголник, а се работи за орален секс. Партнерот нека седне, а вие застанете пред него, свртувајќи се со задникот. Раширете ги нозете и навалете се нанапред и надолу колку што е пожно повеќе, допирајќи ги со рацете ножните прсти. Задржете се во таа положба додека партнерот орално ве задоволува.
за сето она што не е презентирано овде клик
тука