Прегледајте единствено мислење
Старо 17-09-2006, 16:45   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
The`bItCh
WiCk3d
 
Аватарот на The`bItCh
 
Регистриран: Aug 2003
Локација: Ohrid, Britishn Indian Ocean Territories, Jamaica.
Возраст: 20
Знак: Близнак
Мислења: 4.699
Популарност: The`bItCh Новодојденец
Стандардно Нешто основно и важно

Религија, контроверзен поим што некогаш се користи како синоним за вера, се дефинира како верба во нешто натприродно, свето или божествено, како и моралните кодови, обичаи и институции поврзани со таа верба. Во најширока смисла, некои го дефинираат поимот како тотална сума на одговори дадени како објаснување за врската на човештвото со вселената. Низ вековите се имаат создадено огромен број на религиозни форми, но денес, низ светот доминираат само неколку големи светски религии.


Бог е еден од термините со кои се опишува совршено, надчовечко битие, за коешто голем дел од луѓето веруваат дека е создател на универзумот. Некои религии кога говорат за бог, него го опишуваат припишувајќи му и некои антропоморфни особини, додека други пак сметаат дека е невозможно и навредливо да се замислува бог претставен во физичка форма. Некои сметаат дека бог е олицетворение на целокупното добро, додека пак други сметаат дека бог е нешто повеќе од обичните сфаќања за моралноста кои ги има човекот. Кај многу политеистички верувања постојат и полови разлики меѓу боговите, па така имаме и женски богови, т.е. божици. Скоро во сите сфаќања човекот е претставен како понизен, потчинет и зависен од богот.

Во некои митологии Боговите се претставени покрај како антропоморфни, туку и како зооморфни (во вид на животно) или пак аморфни (без материјална форма). Претставата за изгледот на боговите е показател за развојот и видот на соодветната религија. Така, на пример, за религиите поврзани со тотеизмот, покарактеристични се зооморфните богови, а за анимистичките религии, боговите се антропоморфни.

Верувањето во еден Бог се нарекува монотеизам. Монотеистички религии се христијанството и исламот. Христијаните го нарекуваат бог, едноставно Бог или Господ, а муслиманите Алах. И едните и другите веруваат дека Бог, т.е. Алах е создател на светот и човекот. Верувањето во повеќе богови - политеизам. Во политеизмот сите богови и божици имаат свои, посебни важни функции. Постои и примотеизам. Примотеизмот всушност е политеистичка религија, со тоа што се зема еден бог како врховен и особено важен за светот и за човечките битија, а останативе богови се сметаат како помалку битни и потчинети на врховниот бог.

Монотеизам значи верување во еден, единствен бог. Во пракса монотеистичката религија се стреми кон верување за еден бог кој владее со цел универзум. Такви религии се јудеизмот, исламот, христијанството и зороастризмот. Некои источни религии како ваишава, саива, сикхим и некои хинду секти имаат монотеистички карактер.
The`bItCh моментално не е присутен   Одговорете со цитат